Популарната актерка, Скарлет Јохансон, го тужеше студиото „Дизни“ за прекршување на договорот, доби тужба вредна 50 милиони долари
Порамнувањето помеѓу компанијата и актерката е постигнато врз основа на тужба, па компанијата „Дизни“ ќе ја плати бараната сума поради прекршување на договорот.
Инаку, Скарлет Јохансон игра во девет филмови „Марвел“ и го толкува ликот на Наташа Романова, односно Црната вдовица.Таа ја поднесе тужбата бидејќи тврди дека нејзиниот хонорар се базирал на успехот на филмот во кината.
– Среќна сум што спорот со „Дизни“ заврши. Неверојатно сум горда на работата што ја завршивме заедно и уживав во работата со нив со години. Со нетрпение очекувам заеднички проекти на кои ќе работиме во иднина – кратко прокоментира актерката Скарлет Јохансон.