Актерот открива: „Тоа е моја опсесија од раните 20-ти“

30 јануари, 2021
profimedia-0468284355

Очекувано?

„Сакам автомобили исто како и повеќето мажи. Тоа е моја опсесија од раните 20-ти години кога си го купив својот прв автомобил. Инаку, претпочитам стари и ретки модели затоа што тие се посебни “, рече 43-годишниот актер Орландо Блум, кој минатата недела беше воодушевен од зеленото Порше од 1973 година.

Моделот, вреден 97 000 евра, беше фотографиран од сите агли, а фотографиите, според упатените, ги испратил на неговата вереничка, музичарката Кети Пери. Иако не е познато дали во неговата гаража пристигна ново лимено домашно милениче, Блум неодамна изјави дека би сакал да се почасти со автомобил во некоја светкава боја. „Црната, белата и сивата боја се здодевни. Сакам кога автомобилот е импресивен и посебен “, рече тој.