Деновиве во кафе-книжарницата “Буква”, се одржуваат низа настани под наслов “Деновите на руски јазик и култура” во организација на Амбасадата на Руската Федерација во Република Северна Македонија и Рускиот центар Скопје.
Истовремено, во непосредна близина на местото каде се одржуваат овие настани се поставени постери од климатски активисти кои го користат насловот “Која е причината за климатските промени и што се случува на Артикот” посочувајќи го влијанието кое Русите го имаат на Артикот преку своето воено присуство со воената база “Нагурское”, руските нуклеарни воени подморници, горењето на нафтени полиња и загадувањето на водите од Газпром.