Анџелина Џоли без шминка, во црно од глава до пети и под проѕирната кошула – ништо!

20 јануари, 2021
andjelina-dzoli-830x0

Американската актерка Анџелина Џоли (45) беше фотографирана со својата ќерка Захара Пит Џоли (16) додека купуваше во Калифорнија, а по тој повод беше облечена во кошулаа. Имено, познатата актерка и една од најубавите жени на светот ретко ја напушта својата луксузна вила, а кога тоа го прави, обично оди на прошетка или на шопинг со своите деца.

Таа и нејзината најстара ќерка Захара овојпат сами уживаа во времето „мама и ќерка“, а актерката изненади со својата комбинација на облека. Имено, славната Анџелина беше целата во црно, но кога излезе на сонце, се виде дека не носи градник под кошулата. За разлика од претходниот пат, сега нејзините брадавици не беа видливи и се чини како да залепила нешто на нив.

Одредени силиконски налепници овојпат навистина ја завршија работата, па затоа не и беше непријатно на Анџелина да шета во таков вид кошула. Анџелина цело време ја држеше за рака својата ќерка, а таа носеше црно „преголемо“ палто, црни панталони и црни кожни чизми „Rag & Bone“, а, а целиот изглед го заврши со црна кожна чанта. Захара носеше сив дуксер, сиви хеланки и црни патики со бел ѓон. И двете носеа црни заштитни маски на лицето и држеа физичко растојание од другите луѓе, но сепак се многу понеактивни во јавноста, бидејќи Анџелина и нејзините деца не ја напуштија вилата со месеци за време на карантин поради пандемијата Ковид-19.

escort - Korsan taksi