Езерото во кое се огледуваат планините е вистински магнет за туристите веќе со векови
Езерото Гарда, најголемото езеро во Италија, се наоѓа на северот од земјата, помеѓу провинциите Ломбардија, Венето и Трентино.
Поради благата клима и природната убавина, езерото го посетуваат стотици илјади луѓе годишно.
Брегот е преполн со мали бајковити села и градови и е идеално место за одмор, релаксација и уживање во прекрасниот пејзаж исткаен од лозја, маслинови и лимонови градини.
Во градот Гарда, постои античката тврдина Сирмиона, во која доминира замокот Скалигер, редок пример за средновековно одбранбено пристаниште.
Покрај туристичките, историските и кулинарските атракции, градовите околу езерото се опремени со најсовремени модни бутици.
И на оние кои горенаведеното им е малку, може да учествуваат на традиционалната регата што се одржува на езерото од 1951 година.
Едриличката регата во која учествуваат повеќе од 300 едрилици од целиот свет, трае помеѓу 6 и 30 часа, во зависност од ветрот и видот на едрилицата.