Холандски научници работат за развој на ласерска технологија што може да резултира со „речиси безболна“ вакцина без игла, а досегашниот успех го гледаат како напредок што ќе го ублажи стравот од игли кај некои пациенти и ќе придонесе за повеќе вакцинирани луѓе.
Уредот користи ласер што турка мали капки низ надворешниот слој на кожата, објасни Дејвид Фернандез Ривас, професор на Универзитетот Твенте и асистент за истражување на Технолошкиот институт во Масачусетс (МИТ), кој ја осмисли и разви идејата.
„Полесно од убод на комарец“
„Самата процедура е побрза од убодот на комарец и „не треба да боли“ бидејќи нервните завршетоци на кожата не се допираат едни со други“ вели Ривас.
Тој додаде дека постапката дополнително ќе се изучува.
„Чашата што ја содржи течноста се загрева со ласер во милисекунди, а потоа се создава меур во течноста што ја турка течноста низ надворешниот слој на кожата со брзина од најмалку 100 километри на час“, рече тој во интервју за Ројтерс.
“Таквата постапка овозможува да се внесе течност преку кожата без никакви оштетувања или лузни. Не се гледаат рани или влезни места”, рече Ривас, додавајќи дека очекува неговиот пронајдок да помогне на повеќе луѓе да се одлучат за вакцинација, истовремено спречувајќи го ризикот од контаминација, што може да настане поради валкани игли.
И на крај, но не и најмалку важно, неговиот изум ќе помогне да се намали медицинскиот отпад.
Од една до три години до широка употреба
Тестовите за примероци од ткиво беа успешно извршени благодарение на грантот од 1,5 милиони евра од Европската Унија, а компанијата ќе аплицира за финансирање за да започне со тестирање на новиот уред на доброволци овој месец, откри Ривас.
Тој, исто така, рече дека новата почетна компанија ќе работи со претставници на фармацевтската индустрија за да ја тестира и пласира технологијата Bubble Gun.
Но, до моментот кога методот ќе стане достапен за пошироката јавност, може да потрае од една година до три години, во зависност од напредокот на истражувањето и регулаторните прашања.