Бомбици од темно чоколадо, портокал и слатка павлака- БРЗО, ЛЕСНО И ЕДНОСТАВНО! (РЕЦЕПТ)

24 јануари, 2021
dreamstime-m-29415539

Ова е многу едноставен десерт, толку лесен за правење што ќе се претвори во совршенство дури и за тотален почетник при подготовка на деликатеси. Состојките само се мешаат, ладат и се прават топчињата.

Состојки:

250 гр темно чоколадо

130 мл слатка павлака

2 лажички путер

лажичка куркума

рендана кора од портокал

Подготовка:

Истурете ја слатката павлака во тенџере и варете ја скоро до вриење. Потоа тргнете го тенџерето од оган и додадете ги коцките од чоколадо. Нежно мешајте додека не се раствори целосно и не се изедначи. Потоа додадете путер, куркума и изрендана кора од портокал и добро измешајте за да се соединат сите состојки.

Потоа оставете ја смесата во фрижидер околу два часа. Кога ќе се излади, земете малку од смесата со лажица во рацете за да формирате топчиња. Доколку сакате, можете да ги извалкате во мелени или сецкани лешници, ореви, во трошки од чоколадо, а исто така добро се вклопуваат со глазура од чоколадо.

escort - Korsan taksi