Еве за што станува збор.
Според медиумите во Велика Британија, принцот Хари и Меган Маркл немаат среќна иднина кога станува збор за нивниот брак.
Кралските експерти сметаат дека овој брак нема да трае долго.
Принцот Хари дојде на погребот на принцот Филип, а Меган не, наводно поради напредната бременост и поради тоа што лекарот ја советувал да не патува.
Лејди Колин, кралска експертка, вели дека овој брак нема да трае долго, бидејќи верува дека Меган е целосно исклучена од реалноста и поради лагите што ги кажа за време на интервјуто со Опра.
– Хари беше незадоволен и лут затоа што Меган изнесе многу лаги за време на интервјуто, но тој молчеше затоа што Меган е бремена и затоа што мисли дека нема враќање назад. Ако Хари сака да се смири со членовите на кралското семејство, кога и ако се случи развод, нема да му биде така лесно – вели кралскиот експерт.
Меган не дојде на погребот на принцот Филип, но испрати цвеќе со порака што беше изложено покрај ковчегот.