Денес, 57-годишната актерка Брук Шилдс се здоби со светска слава за нејзината улога во филмот „Сина лагуна“ во 1980 година, кога го отелотвори ликот на 15-годишното девојче кое расте на пуст остров. Тогаш сеуште малолетна, Брук сними голи сцени и наскоро доби статус на секс-симбол.
Судејќи според нејзиниот изглед денес, Брук се уште изгледа неверојатно убаво и во шестата деценија од животот.
Покрај актерството, таа беше модел некое време, но направи пауза од двете работни места за да дипломира француска литература во Принстон во 1987 година.
Шилдс денес е мајка на две ќерки, Роуан и Гриер, кои ги доби со нејзиниот сопруг Крис Хенчи, а неодамна се потсети на младешките денови на Инстаграм.
Имено, таа објави фотографија од училиште и уште еднаш докажа дека веќе било јасно во младоста дека со текот на годините ќе стане поубава и посигурна во себе. Затоа одлучила да заврши факултет.
Погледнете како изгледа актерската sвезда низ годините во галеријата: