„Човечката Барби“ ги држеше сите во тајност каде оди и откри дека не и се доволни 100 операции: Таа оди на уште една!

3 февруари, 2021
images

Џесика Алвеш е позната по голем број естетски корекции, а жената која беше маж до минатата година сега вели дека новата операција целосно ќе и го промени животот.


Бразилската ријалити sвезда Џесика Алвеш претходно објави дека планира да отпатува за Тајланд за да помине низ нова козметичка процедура, за која рече дека е навистина револуционерна. Човечката Барби, како што ја нарекуваат светските медиуми Џесика, наиде на проблеми веднаш по пристигнувањето во Тајланд.

Таа слета во Тајланд во средата, и сподели со сите на Инстаграм дека веднаш заврши во болница поради карантин.

“Бев многу дискретна околу доаѓањето во Тајланд и не сакав да кажам никому дека доаѓам. Во моментов сум во Бангкок, во болница каде што ќе се оперирам. Прво ќе поминам две недели во карантин , а потоа ќе се оперирам “, рече Џесика на Инстаграм. Таа додаде дека сè уште не може точно да открие која е операцијата, но истакна дека тоа ќе и го промени целиот живот.

37-годишната Џесика порано беше маж, а како Родриго ја шокираше јавноста и беше позната како „човечки Кен“. Телевизиската личност, која се повеќе личи на кукла, минатата година го смени името во Џесика со цел да биде во согласност со полот, а поради хормоните, нејзиниот глас се смени и колковите и се проширија.

Алвеш потроши повеќе од 650 000 долари на повеќе од сто операции. Таа призна дека жали што не ја започнала трансформацијата во жена порано. Пластичните операции на кои таа претрпела се шокантни, а меѓу нив се отстранување на ребрата, вештачки плочи на стомакот, подигање на веѓите, инјектирање ботокс и плацента, ставање полнила и средување на носот. Лекарите некои од операциите ги одбија да ги сторат од страв за нејзиниот живот.

escort - Korsan taksi