Бамбусовата шума наречена Сага Арашијама во јапонскиот град Кјото е вистинско чудо на природата.
Само гледањето на фотографиите е доволно за веднаш да сакате да се спакувате и да долетате во земјата на изгрејсонцето и да уживате во прошетка низ сенката создадена од густата вегетација на прекрасните дрвја од бамбус.
Оваа шума е една од омилените туристички атракции во Јапонија меѓу посетителите кои ја сакаат природата, но и омилено место на Јапонците за медитација, бидејќи обезбедува прекрасен, свеж, чист воздух и многу потребен мир, неопходен за концентрација и прочистување на умот.
Влезот во оваа прекрасна шума е бесплатен, а за посетителите е отворен 24 часа на ден, седум дена во неделата.