ДА ГО НАПРАВЕШЕ МЕГАН, ЌЕ ЈА РАСПНЕА: Вака Кејт ѝ оддаде почит на принцезата Дијана на премиерата на новиот Бонд филм

popara1 октомври, 20216min0
Mourir-peut-attendre-Kate-Middleton-illumine-le-tapis-rouge-du-nouveau-James-Bond

Кејт Мидлтон буквално блесна на неодамнешната премиера на новиот филм за Џејмс Бонд во Лондон.

Премиерата на филмот се одржа во Ројал Алберт Хол во Лондон, а војвотката од Кембриџ засени се кога се појави во златен, блескав фустан со деколте какво што не сме виделе досега.

Станува збор за фустан на дизајнерката Џени Пакхем кој чини 2.800 фунти.

Ова е и последниот филм за тајниот агент 007 со Даниел Крег во улогата, па затоа не е изненадувачки што премиерата привлече големо внимание. Сепак, самиот филм беше засенет од 39-годишната војвотка, која со текот на годините изгледа се подобро и подобро.

Денес, сите зборуваат и за тоа како сопругата на принцот Вилијам ѝ оддаде почит на неговата покојна мајка, принцезата Дијана која никогаш не ја прежалевме. Имено, британските медиуми ја рекламираа сличноста на фустанот на Кејт со оној на Дијана од далечната 1985 година, кога трагично починатата принцеза се појави на премиерата на филмот „Поглед на убиството“. Тогаш Џејмс Бонд го играше незаборавниот Роџер Мур.

Kate Middleton's Gown Emulates Princess Diana James Bond Red Carpet Dress |  PEOPLE.com

Иако фустанот на Дијана беше со идентичен крој, не беше златен, туку сребрен. Исто така, Дијана пристигна на премиерата во друштво на својот сопруг, принцот Чарлс, исто како што Кејт синоќа блесна во друштво на нејзиниот сопруг и со принцот Чарлс и неговата втора сопруга Камила.

Ова не е првпат обожаваната војвотка да и оддаде почит на свекрвата, која за жал никогаш не ја запозна. Меган Маркл, сопругата на принцот Хари, го стори истото, но јавноста секојпат ја поздравуваше со нож.

Така, поранешната актерка често го копираше стариот изглед на Дијана, но коментарите беа ужасни. Хејтерите честопати ѝ велеа дека никогаш нема да биде како неа, а уште полошо, дека истата трагична судбина треба да ја снајде. Токму поради тоа, не е изненадувачки што кралската двојка се оддалечи од британскиот двор со цел да живее помирно…

Од друга страна, популарноста на Кејт и Вилијам само расте, иако таблоидите знаеја да ја „распнат“ и неа. Сепак, ништо не може да се спореди со она што Меган го доживува со години …

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma