Дали би го носеле? Викторија Бекам дизајнираше џемпер што предизвика многу контроверзии (ФОТО)

popara29 септември, 202110min0
be7fe4c83d805e96febc67d8aa48e7564c03bc20

Со оваа креација, Викторија Бекам излезе од досегашната рамка.

Поранешната пејачка, а денес одлична модна дизајнерка, Викторија Бекам, „излезе“ од очекуваните креации и создаде нова „димензија“ на џемпери.

Викторија е подготвена за есента, па претстави нова колекција, каде што можеме да видиме што и го привлече вниманието за новата сезона.

Таа е многу фокусирана и малку отстапува од кроевите на кои е лојална. Затоа бевме изненадени од новиот модел на џемпер што го пласираше, и можеме да го карактеризираме како многу смел и одважен.

Имено, таа направи џемпер-ролка кој е целосно отворен од предната страна. Навикнати сме да гледаме ваков отвор во летните колекции, но не и во есенските. Овој модел го искомбинира во со панталони со машки крој, со што останува верна на нејзиниот добро препознатлив стил.

– Направен за сиви денови. Ќе го носам следниот пат – напиша Викторија во коментар на фотографијата.

Новата креација на џемпер дефинитивно никого не остави рамнодушен, па во коментарите имаше контроверзија дали е погоден за носење, убав и практичен.

Како ви се допаѓа? И дали е во ред да се оди подалеку од класичната есенска гардероба во одредени прилики?

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma -

loodgieter den haag