Дали е подобро да заспиете гладни или најадени? Еден начин за да се спречи дебелината!

16 јануари, 2021
гладен

Истражувањето објавено во „Џурнал за клиничка ендокринологија и метаболизам“ покажа дека обилниот појадок наместо обилната вечера може да спречи дебелина и висок шеќер во крвта.

Студијата е спроведена на 16 мажи кои консумирале нискокалоричен појадок и калорична вечера, а во втората фаза од студијата го сториле спротивното. Авторот на студијата, д-р Џулија Рихтер, од Универзитетот во Лубек во Германија, рече дека резултатите покажуваат дека луѓето кои консумираат калоричен појадок и нискокалорична вечера имаат два и пол пати побрза потрошувачка на калории.

Покрај тоа, зголемените концентрации на шеќер во крвта и инсулинот предизвикани од храна беа намалени.