Дали сакате да изгубите тежина? Запомнете го овој број!

31 јануари, 2021
sat-od-kave-825x510

Сакате да се ослободите од оние неколку килограми кои незабележливо се насобраа овој месец?

За ваша среќа, неодамнешното истражување на магазинот Cell Metabolism откри ефикасен и потполно безболен начин да се ослободите од килограмите за кои воопшто не е потребна промена во вашата исхрана! Едноставно, ограничете ја потрошувачката на храна во период од 10 до 12 часа. Со други зборови, ако појадувавте околу 8 часот наутро, последниот оброк во денот нека биде помеѓу 6 и 20 часот.

Како работи овој метод?
Истражувачите во оваа студија најпрво ги набљудувале навиките во исхраната на нивните испитаници и откриле дека повеќето конзумираат храна во текот на 15 часа, што е скоро цело време додека биле будни. Но, кога субјектите ја ограничиле потрошувачката на храна на 10 до 12 часа (без промени во исхраната), тие изгубиле во просек 3 килограми, имале повеќе енергија и спиеле подобро во текот на 16 недели. Најдобро од сè, тој ефект траеше скоро една година!

Наједноставното објаснување е – ако го ограничите периодот во кој јадете за 3 до 5 часа, на крајот ќе консумирате помалку храна бидејќи престанавте да јадете порано. На пример, ако често посегнувате по колачиња или други закуски додека гледате телевизија навечер, избегнувањето храна по 20 часот ќе ги елиминира празните калории и наглите промени во нивото на шеќер во крвта што би можеле да ги предизвикаат слатките и закуските. Исто така, продолжувањето на периодот на не консумирање храна во текот на ноќта позитивно ќе влијае на деноноќниот ритам, што ќе го подобри вашиот сон и метаболизам.

sat-i-hrana
escort - Korsan taksi