Дали сте размислувале зошто привлекувате ПОГРЕШНИ мажи?

17 октомври, 2021
Screenshot_2

Во денешно време е навистина тешко да се најде компатибилен партнер, кој совршено ќе ни одговара. Се чини дека голем број жени се се повеќе сингл и се потешко наоѓаат маж со кого ќе си одговараат. Повеќето жени се жалат дека постојано привлекуваат погрешни мажи и дека не можат да најдат некој со кого ќе можат да уживаат и да бидат среќни.

Дали и вие припаѓате во оваа група? Дали и вие се чувствувате дека ги привлекувате погрешните мажи? Ако одговорот на овие прашања е потврден, прочитајте ги причините поради кои тоа е така и направете стратегија како да го промените вашиот пристап.

Ги прилагодувате вашите интереси за да бидат во склад со нивните

Времете да ги разбиете вашите стравови дека морате да ги сакате истите работи како и вашето момче ако сакате да биде среќен со вас. Правилниот став е сосема спротивен: Не е важно да го усреќите кој било маж, туку тајната е како да го усреќите вистинскиот маж.

Зошто да се преправате дека сте нешто што не сте само за да му се допаднете на некој? Не морате и не треба да го правите тоа. Мажот којшто ве цени треба да ве цени токму поради тоа што сте, со сите ваши интереси, без оглед дали се слични или сосема различни со неговите. Ако вашиот маж ве цени само затоа што ги сакате истите работи, тогаш можеби тоа не е доволно, а и вие не смеете да ги формирате вашите интереси врз основа на неговите.

Ги облекувате алиштата кои мислите дека ќе им се допаднат на нив

Не треба да го облекувате она во коешто ќе им бидете привлечни на нив, туку она во коешто се чувствувате удобно и добро, она во коешто сте си привлечни самите на себе. Тој можеби нема да ги забележи точките на блузата, но затоа ќе ја забележи вашата самодоверба.

Постојат различни видови облека кои жената ќе ги облече за да го добие вниманието на мажот. Но, постојат и различни видови внимание кои облеката може да ги привлече. Сите жени имаат различно мислење кога е облеката во прашање. Некои жени мислат дека ако носат помалку облека, ќе привлечат повеќе внимание. Тоа е точно до одреден степен, но зависи и каков тип на маж сакате да привлечете и каква ноќ сакате да имате.

Глумите недопирлива иако можеби не сакате да бидете недоприлива

Забележувате некој маж, тој исто така ве забележува, разменувате пар погледи кои кажуваат дека си се допаѓате еден на друг. Мажот собира храброст и ви пристапува, а вие можете да го одбиете или да му дадете шанса врз основа на неговиот пристап. И без оглед на тоа дали мислите дека е сладок или ептен згоден, вие играте на картата: „Слушај, интересен си, ама недоволно интересен.“

А зошто тоа го прават некои жени? За да направат да остане заинтересиран? Мажите се едноставни. Ако му се допаѓате, тој веројатно има слични грижи (дали и вам ви се допаѓа) и само сака тоа да го потврдите. Тоа не значи дека сака лесно да ве добие и да ве однесе дома со еден збор, но дефинитивно не му се допаѓа вашата незаинтересираност, ладнокрвност и вашето преправање дека не ви се допаѓа, затоа што тогаш тој ќе го стекне токму тој впечаток – дека не сте заинтересирани.

Избегнувајте ги игрите. Игрите само ги маскираат чувствата. Игрите го кријат тоа што навистина сакате да го кажете и тоа што навистина сакате да го правите. Ако сте заинтересирани за тој маж, нема ништо лошо во тоа да му го наговестите тој факт. Само не го покажувајте тоа премногу опсесивно. Тоа не е добро ни за вас, ни за него.

escort - Korsan taksi