Дури 20 години откако ја освои престижната титула Мис на Светот, Пријанка Чопра сè уште важи за една од најубавите жени на планетата.
Чопра сподели стара фотографија на својот Instagram каде ретко кој би ја препознал!
Познатата Индијка во тоа време имала само 17 години и сè уште ги немала волшебните облини по кои е препознатлива денес. Меѓутоа, кога имала 18 години, една година по фотографирањето, Пријанка е избрана за Мис на Индија, а потоа и за Мис на Светот.
Подоцна, таа тргна да маѓепсува низ Боливуд, да се пресели во САД и да се здобие со светска слава како актерка.
Пријанка Чопра е мажена за Ник Џонас, кој е 11 години помлад од неа, познат брат од групата Jonas Brothers. Двајцата се верија во Лондон по само два месеци врска.