Диетата која ја практикувала Кајли Џенер не вклучувала физичка активност, што и се допаднало.
Кајли Џенер (24) веќе го носи своето второ дете, но кога во февруари 2018 година ја роди ќерката Сторми (3), набрзо ја изненади јавноста со враќањето на старата линија.
Доби многу комплименти, а многумина се прашуваа како толку брзо се трансформирала. Ријалити ѕвездата и сопственичка на козметичката империја тогаш истакна дека е среќна бидејќи успеала да се ослободи од трудничките килограми кои ги накачила 20, а целта и била да изгуби барем половина за три месеци.
Кајли призна декаво слабеењето и помогнале диети бидејќи не сака физичка активност. Покрај тоа, таа не го прифатила советот на експертите кои велат дека е потребно најмалку една година за телото да се врати во состојбата пред бременоста.
„Јас сум природно слаба личност како мојата сестра Кендал. Не баш како неа бидејќи има статус на модел, иако јас секогаш имав многу рамен стомак. Конечно го вратив неодамна. Мислам дека има многу врска со исхраната. Обожавам да јадам пица, тестенини, многу видови храна, но се откажав од се“, изјави ријалити ѕвездата во 2018 година.
„Јадев јајца и мислам дека тоа ми помогна. Ги јадев три пати на ден, иако не можам да ги поднесам. За време на бременоста јадев многу храна и затоа ми рекоа дека носам девојче. Кризирав и за благо и за солено. На крајот се покажа дека носам ќерка“, додала Кајли.
Џенер објасни дека не е личност која јаде обилен појадок кој содржи житарки. Наутро има навика да пие сок од целер и чува залихи од тој пијалок во фрижидер. Потоа јаде јајца, авокадо и сланина.
Најчесто за ручек на менито има пилешко со многу зеленчук или бифтек со спанаќ, но понекогаш бира според расположението. Сепак, се труди да има здрава храна на своето мени.