Доктор објави фотографија со „ковид јазик“: „Кај сè повеќе луѓе се јавува овој симптом“

15 јануари, 2021
korona-virus-corona-2019-ncov

„Ковиден јазик“ е идентификуван како уште еден необичен симптом на болеста, објавија лекарите кои го следат ширењето на вирусот.

Епидемиологот Тим ​​Спектор од Кралскиот колеџ во Лондон, кој води студија за симптомите предизвикани од коронавирусот, на својот профил на Твитер објави одвратна фотографија на која се гледаат последиците од инфекцијата. Тој рече дека пациентите пријавиле и чиреви во усната шуплина.

– Едно од пет заразени лица сè уште има поретки симптоми кои не се на официјалната листа – како што се осип на кожата. И во последно време се соочуваме со зголемен број на невообичаени рани во усната шуплина. Габриел Скали, претседател на епидемиологија и јавно здравје во Кралското медицинско друштво, за Сан изјави дека слични симптоми се поврзани со Ковид-19 веќе некое време.

– Вирусот е проблематичен за лекување бидејќи предизвикува последици од толку голем обем и на различни делови од телото. – Медицинското име за отечен јазик е глоситис, тој вклучува „јазик од малина“ и се јавува во разни состојби, односно болести како што е вирусот херпес што го напаѓа нашиот имунолошки систем. Промените во јазикот, вклучувајќи болка, промена на бојата, оток или необична текстура понекогаш може да бидат резултат на голема болест, не само нехигиенска усна шуплина.

escort - Korsan taksi