Домашна нутела според рецепт на нутриционист: Малку луѓе знаат дека се прави толку лесно!

popara21 февруари, 20211min0
nutel

Ума Најду, нутриционист и психијатар, го сподели својот рецепт за чоколадо и лешник без додаток на шеќер, што ќе ве воодушеви!

Состојки:

2 чаши излупени лешници
100 грама црно чоколадо (80%)
лажица какао во прав
2 лажици мед
Половина лажичка инстант кафе
Лажичка екстракт од ванила
Лажица кокосово масло (доколку е потребно)

Подготовка:

Ставете ги лешниците во плех обложен со хартија за печење и печете ги во рерна загреана на 180 степени. Ќе трае десетина минути, но вие не ја напуштате кујната, бидејќи во зависност од големината на лешниците, тие можат да изгорат.

Растопете го чоколадото во сад ставен на тенџере со врела вода, па ставете го заедно со лешниците во процесорот и исечкајте додека не добиете мазна паста. Додадете ванила, мед, какао и кафе и проверете ја густината – ако лешниците беа многу суви, можеби ќе треба да додадете лажица кокосово масло, но ако сте задоволни со текстурата, прескокнете го овој чекор. Истурете во чиста тегла и чувајте во фрижидер.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma