Џеј Ло во фустан само за најхрабрите жени: Едно копче држи „се“, а еве и колку чини!

18 септември, 2021
dzenifer-lopez-jennifer-lopez001-830x0

Убавата Џенифер Лопез повторно воодушеви со својот многу смел стајлинг, бидејќи многу жени не би се осмелиле да го облечат овој фустан.

Џеј Ло го претстави својот бренд за шминка во „опуштено“ видео, каде што ја коментираше својата кариера и повремениот пад на самодовербата, бидејќи не се чувствуваше прифатена во Холивуд.

Сепак, сите гледаа во нејзиниот навидум едноставен, но многу смел фустан.

Станува збор за фустан потпишан од Дејвид Кома, еден од нејзините омилени дизајнери. Направен е во жолта боја, нормално се закопчува од половината надолу, но од папокот нагоре само едно копче ја држи целата приказна „заедно“.

Фустанот има преголеми ракави и ја следи линијата на телото, а должината е до околу средината на листовите. Цената е околу 600 евра.

Кома ја дизајнираше и неверојатно атрактивната креација што ја носеше Џеј Ло на доделувањето на MTV наградите.