Пејачот не ја криеше својата љубов пред целиот свет
Пејачот Марк Ентони се појави на црвениот тепих на познатите Билборд награди со нова девојка и не требаше долго да се открие за која убавица станува збор.
Станува збор за Маду Никола, која очигледно го освои неговото срце, бидејќи Марк ја бакна пред фотографите и ја прегрна. Ентони досега никаде не ја спомна својата девојка, па сите беа изненадени кога двојката се појави на црвениот тепих.
Пејачот беше номиниран за тропски музичар на годината и за песна на годината, но Принц Ројс ги освои двете награди.
Марк се разведе од манекенката Шенон Де Лима во 2017 година по само две години брак, а претходно беше во брак со Џенифер Лопез, со која ги расте 13-годишните близнаци Ема Марибел Мунџиз и Максимилијан Дејвид Мунџиз.
Во последните месеци поранешната девојка на Марк ги полни насловните страници на таблоидите со обновената врска со актерот Бен Афлек, а папараците ги следат стапките на славниот пар.