Една добра вест: холивудската миленичка Ема Стоун го очекува своето прво дете. Еве ги деталите…

5 јануари, 2021
Screenshot_2

Откако папараците ја снимија актерката како шета со нејзиниот сопруг кој нежно ја држи раката на нејзиниот стомак, „доверлив извор“ за Е! Online потврди дека „Ема е бремена и ужива во брачниот живот“. Инаку, актерката и Дејв МекКари, сценаристот на шоуто Saturday Night Live, се венчаа во септември, а церемонијата беше многу приватна, па се очекува парот да се однесува на ист начин во врска со веста за приновата.

Инаку, Ема е позната по тоа што не ги сака социјалните мрежи, но нејзиниот сопруг има профил на Instagram, па во декември 2109 година објави дека се вериле.

Ема зборуваше за деца во интервју за Elle пред две години: “Како што минуваат годините, моите мисли за децата се менуваат. Никогаш не сум работела како бебиситерка. Како тинејџерка реков: Никогаш нема да се омажам. Никогаш нема да имам деца. Кога пораснав сето тоа се промени во: Јас навистина сакам да се омажам и навистина сакам деца “.

И американскиот магазин пренесува некои веродостојни информации: „Изгледа дека е многу среќна“, напишаа тие, „и многу возбудена што е мајка – постојано воздивнува.