Едноставен математички проблем создаде бура на Интернет: Луѓето добиваат две решенија, кое е точно?

25 септември, 2021
matematika-problem-830x0

Некои му веруваат на калкулаторот, а други во нивното знаење

Знаеме колку проблеми можат да ни направат виралните загатки на Интернет. Но, долго време, не се појавил математички проблем, што на повеќето им создал главоболка и ги поделил мислењата на луѓето, а исто така збуни многумина при решавање.

На прв поглед, изгледа едноставно, но многумина што се обидоа да го решат, сфатија дека прво ќе треба да се сетат како оди редоследот на математичките операции.

Задачата гласи: 60 ÷ 5 (7 – 5) = ?, а луѓето кои се обидоа да го решат овој проблем најчесто добија две различни решенија.

Дали знаете кое решение е точно?

Ако внесете вака поставена задача во калкулаторот, тој прво ќе го реши делењето, а потоа она што е во заградата и ќе го прикаже бројот 24 како решение.

Меѓутоа, ако го решите според она што сте го научиле на училиште, т.е. според редоследот на математичките операции – множење, делење, собирање, одземање – редоследот ќе изгледа вака: 60 ​​÷ 5 (7–5) = 60 ÷ 5 (2) = 60 ÷ 10 = 6.

Две можни решенија предизвикаа општа дискусија на социјалните мрежи, и додека некои повеќе му веруваат на калкулаторот, други тврдат дека шест е конечното решение.

Во видеото можете да го видите објаснувањето на математичарот за овој проблем:

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris