Едвај ја препознавме: Шејло Џоли Пит има нов имиџ!

20 јануари, 2021
profimedia-0467072536

Девојчето кое порасна пред лупата на јавноста и медиумите сега се појави во сосема поинакво издание од ова на кое сме навикнале

Меѓу најпознатите деца во Холивуд, без сомнение, се шесте наследници на некогашниот еден од најпопуларните парови, а денес поранешните сопружници во борба за старателство над истите тие деца.

Тоа секако се деца на 45-годишната Анџелина Џоли и 56-годишниот Бред Пит, меѓу обожавателите и медиумите познати и како деца на „Бранџлајн“. Исто како и нивните славни родители, 19-годишниот Медокс, 17-годишниот Пакс, 16-годишната Захара, 14-годишната Шејло и 12-годишните близначки Вивиен и Нокс – привлекуваат внимание каде и да се појават.

Истиот случај се случи пред неколку дена кога актерката беше снимена во шопинг со Захара и Шејло, а целото внимание потоа го украде нејзината 14-годишна ќерка. Имено, Шејло уште од рана возраст јасно покажува дека важи за едно од момчињата, па нејзините комбинации на облека секогаш биле од машки костуми. Девојката која поминува низ процес на промена на полот и е позната како модерен претставник на ЛГБТК заедницата, таа се појави и на црвените теписи во оддело па не е изненадувачки што нејзината најнова облека предизвика толку големо внимание во јавноста.

За да оди на шопинг со нејзината мајка и сестрата кои штотуку го прославија нејзиниот 16-ти роденден, Шејло се одлучи за малку поинаква облека од онаа што сме навикнале да ја гледаме. Така, таа ја замени вообичаената машка облека, овој пат со кратки тексас шорцеви, црн дуксер, патики „Конверс“ и кожен ранец, а целата облека ја заокружи со косата собрана во реп.

Тинејџерката, чиј процес на промена на полот се одвива под будното око на јавноста и медиумите, сега ја покажа и нејзината друга страна, па многумина коментираа на социјалните мрежи дека ова е нејзиното најжествено издание досега.

„Од момче до девојче“, се некои од коментарите за новиот имиџ на 14-годишното девојче.

escort - Korsan taksi