СОСТОЈКИ:
- 3 јајца
- 4 лажици шеќер
- 50 гр путер
- 100 гр. чоколадо
- 200 гр павлака
- 50 мл јогурт
- кора од лимон
- 150 гр брашно
- 1/2 прашок за пециво
- 3 лажици пржени сецкани ореви
ПОДГОТОВКА:
Изматете ги белките со шеќерот, додадете го брашното со прашокот за пециво, жолчките, стопениот путер, измешаните павлака и јогурт, рендано чоколадо, кора од лимон и пржени сецкани ореви или лешници.
Обложете плех со хартија за печење од 22 см.
Добро соединете ја смесата и ставете ја во плехот за печење и печете на 290 степени Целзиусови околу 35-40 минути.
Кога тортата ќе пожолти извадете ја од рерната. Одозгора можете да ја поросите со шеќер во прав или да ја прелеете со чоколадо.