Топ 10 најевтини градови во Европа

23 септември, 2021
lisabon-krakov-tirana-830x0

Осло и оваа година се покажа како најскапиот град во Европа за викенд забава

Една туристичка агенција ги спореди типичните трошоци за викенд патување во 40 различни градови во Европа, што вклучува две ноќевања во хотел со три sвезди, вечера во ресторан за двајца, јавен превоз, разглед и слични активности.

Како што покажува нивниот барометар City Cost, во Тирана ќе потрошите најмалку од сите анализирани градови, во просек 180 евра. Треба само да издвоите 70 центи за кафе овде и помалку од 80 евра за две ноќевања.

Катовице на југот на Полска е на второто место на листата на најповолни европски градови, а на третото место е главниот град на Литванија – Вилнус.

Главниот град на Хрватска е во топ 10 најповолни градови за викенд одмор, на седмо место. Туристичката агенција пресмета дека ви требаат околу 245 евра во Загреб за викенд.

Оваа година Осло се покажа како најскап град во Европа за викенд, бидејќи ви требаат околу 500 евра за викенд. Во просек ќе плаќате 8,5 евра за пиво во главниот град на Норвешка, и 190 евра за две ноќевања во хотел со три sвезди.

Најповолните европски градови во 2021 година:

1. Тирана, Албанија

2. Катовице, Полска

2. Вилнус, Литванија

4. Лисабон, Португалија

4. Рига, Латвија

5. Варшава, Полска

7. Загреб, Хрватска

8. Будимпешта

9. Братислава

9. Краков, Полска

escort - Korsan taksi