
Заштитете се од УВ зрачењето на природен начин!
За да се заштитите од штетните ефекти на ултравиолетовото (УВ) зрачење, многу е важно да нанесете соодветен крем на кожата пред да се изложите на сонце.
Прекумерното сончање може да предизвика изгореници, да го забрза стареењето на кожата, но и да го зголеми ризикот од разни малигни заболувања. Затоа заштитата е исклучително важна.
Дали сте знаеле дека можете да направите сопствен крем за сончање кој има заштитен фактор 20 за само неколку минути? Еве како:
Состојки:
Половина чаша бадемово масло
Четвртина чаша кокосово масло
Четвртина чаша пчелин восок
2 лажички цинк оксид
1 лажичка масло од морков
Лажичка ши путер
Неколку капки есенцијално масло по ваш избор

Подготовка:
1. Ставете ги сите состојки (освен цинковиот оксид, маслото од морков и есенцијалното масло) во стаклена тегла, потоа ставете ја таа тегла во тенџере, и наполнете вода во тенџерето до половина од теглата, па варете на најниска температура.
2. Мешајте додека не се соединат сите состојки, а потоа додадете го цинк оксидот. Откако ќе го тргнете тенџерето со теглата од ринглата, додадете во теглата масло од морков и неколку капки есенцијално масло по ваш избор.
3. Истурете ја добиената мешавина во помали садови со капак и оставете кремот целосно да се излади. Пчелиниот восок е водоотпорен и му ја дава потребната густина на кремот, додека цинк оксидот обезбедува одлична заштита од негативните ефекти на УВА и УВБ зраците.