Ги насмеа сите! Куќната помошничка на Лепа Брена е хит на социјалните мрежи, а еве што порача!

7 јануари, 2021
Screenshot_4_1000x0

Стана хит на интернет откако синот на Брена ја сними во една прилика.

Куќната помоничка на пејачката Лепа Брена е вистинска sвезда на социјалните мрежи откако синот на Брена еднаш ја објави на Instagram.

Имено, тој неодамна покажа дека таа привлекува метал како магнет, и ги воодушеви сите. Овој пат, куќната помошничка објави видео на својот профил со кое им ги честита празниците на своите пријатели.

Ги насмеа сите кога спомна „коронија“, мислејќи на корона.

– Оваа 2021 година ќе биде среќна, тоа ќе биде најдобрата година што постои во целиот Свет. Нема да има коронија, нема да има ништо лошо. Само да се сакаат луѓето, да јадат парче леб, да молчат и да уживаат – рече таа.

Да потсетиме, куќната помошничка на Лепа Брена стана хит на социјалните мрежи неодамна кога им даваше совети на луѓето како да се борат против пандемијата.

– Јадете луто, јадете лук, пржете пиперки со лук без престан. Пијте ракија. Испарува, убијте ја короната и потоа нема корона. И делува, не ти седиш и чекаш коронија и полудуваш. Тогаш паѓате во депресија, јао корона! Работете, пејте, исчистете, направете нешто и чао, ариведерчи, нема корона, нема ништо – рече таа.