„Колку си убава…“: Манекенката покажа зошто ја освои титулата „ДАМА СО НАЈДОЛГИ НОЗЕ“ (ФОТО)

7 јануари, 2021
izabel-goulart-3-830x0

Бразилската манекенка покажа со што располага и го запали интернетот

Бразилската манекенка и поранешен ангел на Викторија Сикрет, Изабел Гулар (35) објави нова фотографија на социјалната мрежа Instagram на која го покажа своето зачудувачко тело.

Имено, Изабел објави одлична фотографија во бикини на социјалната мрежа Instagram, на која има 4,6 милиони следбеници, и откри дека моментално е на одмор на Бахамите, а по тој повод ги истакна долгите нозе, затегнатиот стомак и совршената фигура.

Моделот изгледаше многу слабо во разнобојно минијатурно бикини што малку оставаше на фантазијата.

„Жено, навистина не е реално да изгледаш толку добро“, „Бомба“, „Имаш најдобро тело на Светот“, „Колку си убава…“, „Најдолгите нозе досега“, беа некои од коментарите.

Бразилската убавица се прослави кога прошета на модната ревија „Викторија Сикрет“ во 2005 година и кога ја карактеризираа како наследничка на нејзината колешка Жeизел Бундшен (39), иако сите велат дека нејзиното лице најмногу потсетува на моделот Алесандра Амбросио, исто така од Бразил.

Девојката со бројни наслови, вклучувајќи го и оној со „Sports Illustrated Swimsuit“, имаше долга распуштена коса и темни очила за сонце на лицето.

За жал на фановите, особено на машкиот дел, Изабел е свршена со германскиот голман Кевин Трап (29), кој е шест години помлад од неа и моментално игра за „Ајнтрахт Франкфурт“, и беа разделени за празниците.

Кевин ги прослави Божиќ и Нова година со своето семејство во Германија, додека Изабел го помина католичкиот Божиќ со своето семејство во Бразил, а потоа отпатува на Бахамите за да ја пречека 2021 година.

Изабел веќе неколку пати патуваше без Кевин, а нивната разделба тешко паѓа со оглед на нивниот активен сексуален живот, како што го опиша самата Изабел.

„Кевин и јас често водиме љубов, четири или пет пати на ден“, рече моделот во една прилика.

– Кога ќе запознаете личност која ви го менува животот во секоја смисла, тогаш сте сигурни дека тој е вистинската личност – рекла Изабел кога се вериле пред 2018 година на одмор во Грција.

escort - Korsan taksi