Гледачите разочарани.
Фановите се разочарани што нема да ја гледаат Ким Катрал во новата продукција, каде што таа одби да дејствува поради расправија со своите колеги.
Жестоките обожаватели на серијата „Сексот и градот“ ќе имаат можност да уживаат во уште едно продолжение на серијата, сепак ќе отсуствува актерката Ким Катрал, која ја играше обожаваната Саманта. Наместо Ким, дури три нови актерки ќе се приклучат на тимот на серијата.
Според странските медиуми, сите три актерки се црни, со цел да ја прикажат 2020 година од 21 век во Њујорк. Фановите се разочарани што нема да ја гледаат Ким во оваа легендарна улога, па многумина коментираат што дури нема да го погледнат ниту продолжението на оваа веќе култна серија, која ќе се вика “And just like that…”..
Не доаѓа предвид Ким да ја прифати понудата да игра во продолжението на серијата, бидејќи е во кавга со преостанатите три главни актерки.
Серијата ќе се снима на крајот на пролетта како дел од HBO Max. Сара Џесика Паркер, Кристин Дејвис и Синтија Никсон повторно ќе ги играат истите улоги, а тие ќе бидат и извршни продуценти на серијата.
Инаку, оваа популарна серија, која има и две филмски продолженија, се снимаше во шест сезони и има 94 епизоди. Уште во 2007 година беше прогласена за најдобра серија на сите времиња и освои седум Еми награди и осум Златни глобуси.