Пејачката Светлана Цеца Ражнатовиќ се разболела, поради што не присуствувала на снимање на новата емисија „Ѕвездите на Град“.
Неа ќе ја заменува Ивана Петерс, која е помошник на Цеца во подготовка на нејзините кандидати за наредниот круг.
Од продукцијата на „Гранд“ кажано е дека Цеца настинала и дека многу ја болело грлото со што го изгубила гласот.
– Цеца навистина неможеше да дојде на снимање. Многу е настината, дури и гласот го загубила а додека не се опорави, на нејзино место ќе биде Ивана Петерс – рекле челниците на продукцијата.
Инаку, Цеца од емисија во емисија ја одушевува својата публика со своите коментари во „Ѕвездите на Гранд“, а гледачите ја фалат поради тоа што на кандидатите им дава целосна подршка како и разбирање за нив.