Го паметиме како sвездата од Хари Потер чии загрижувачки фотографии ја шокираа јавноста, а сега стана татко

5 јануари, 2021
Screenshot_4

Актерот Девон Мареј и неговата девојка Шенон Мекафри Квин го добија синот Купер Мајкл.

Актерот Девон Мареј (31), кого многумина го познаваат како Симус Финиган од филмовите за Хари Потер, стана татко.

Тој ја потврди веста на својот Instagram, каде објави фотографија од неговиот син роден од неговата девојка Шенон Мекафри Квин и откри дека момчето, кое е родено на 2 јануари, го добило името Купер Мајкл.

Девон и Шенон, кои се во врска од 2018 година, дознаа дека ќе станат родители во август минатата година и веднаш ги споделија среќните вести на социјалните мрежи.

Ирскиот актер е еден од 14-те ликови што имавме можност да ги гледаме во сите филмови за Хари Потер направени од 2001 до 2011 година и кои му донесоа профит од 1,2 милиони евра.

Тој наводно трошел пари на автомобили, пијалоци и девојки додека бил на врвот на славата, што го потврдила неговата мајка во 2016 година, откако семејството на Девон го тужел неговиот поранешен агент за 286 илјади евра.

Агентот Нил Брукс доби отказ откако фотографиите на 13-годишниот Девон како пуши цигара на снимањето на филмот „Хари Потер и огнениот пехар“ во 2004 година излегоа во јавноста затоа што семејството сметаше дека требало да го спречи и заштити од лош публицитет, пренесува Daily Mail.

После детската улога, Девон немаше голема актерска кариера и се појави во само едно музичко видео од 2017 и 2018 година во филмот „ Damo & Ivor: The Movie “ базиран на популарната ирска телевизиска серија, кој беше преплавен од публиката.