Го слави 35-тиот роденден, а животот ѝ е преплет од страв, анксиозност и УСПЕХ: Емилија Кларк е огромна инспирација

24 октомври, 2021
256879_profimedia0424125233_ff

Шармантната актерка Емилија Кларк светската публика ја засака во безвременската реализација на „Game of Thrones“, а улогата на Денерис Таргариен постави нови граници кога се во прашање моќта на трансформацијата и апстрактните ликови.

Прекрасната и бестрашна Емилија е родена во Лондон на 23 октомври 1986 година, а пораснала со своето семејство во Беркшир, за кое има најубави спомени.

Како дете покажала дарба за уметност, а желбата за глума и танцување се појавила по мјузиклот полн со специјални ефекти, необични сценски движења и мелодии.

Посетувала часови по гитара, пијано, флејта, како и џез пеење, што подоцна и помогнало во текот на нејзината професионална кариера.

За време на средното образование во Оксфорд, таа била член и на драмските секции, а кога дојде време за студии, Кларк успеа да стане дел од Лондонскиот драмски центар, каде што дипломирала со највисоки оценки во 2009 година.

Првата телевизиска улога ја доби истата година во „Доктори“ кои ја освоија цела Велика Британија, а потоа се испроба како актерка во филм, а публиката ја памети по „Тријашки напад“, „Островот Спајк“ , „Окована“, „Дом Хемингвеј“, но најголемата слава ја постигна со драмата „Игра на тронови“.

Emilija Klark

Во времето на вртоглавиот успех и светската слава ѝ се случила непријатна ситуација кога на само 24 години доживеала мозочен удар, по што била хоспитализирана и оперирана.

“Се облекував во соблекувалната во салата и тогаш почнав да чувствувам силна главоболка. Бев толку уморна од тоа што едвај ги облеков патиките. Кога почнав да вежбам, морав да се истуркам низ првите неколку вежби. Ползев до соблекувалната, каде што почнав да се чувствувам како некој повторно да ми ја стиска главата со ластик“, рече еднаш Емилија.

Иако ги почитувала сите правила и била под надзор на тим лекари, Кларк доживеала нов мозочен удар, по што следеле уште две ризични операции.

Emilija Klark

Таа со силата на својата волја успеа да ги надмине предизвикувачките моменти од животот и да ја продолжи кариерата како ништо да не се случило.

Водена од своето искуство, актерката основа организација „SameYou“, која е отворена за секаков вид помош за луѓето кои доживеале мозочен удар.

Кларк моментално го завршува снимањето на филмот „Secret Invasion“, кој ќе биде прикажан во 2022 година.

escort - Korsan taksi