Големиот хит на Џеј е напишан од КРИМИНАЛЕЦ кој му направи ЛУЗНА на Аркан, а потоа исчезна

5 април, 2021
Arkan-i-Dzej

Многумина ја сакаат оваа песна, но не знаат што се крие зад неа

Пејачот Џеј Рамадановски отпеа бројни хитови кои се слушаат и денес, а еден од нив е “Uspeo sam u životu”.

Иако оваа песна ја знаат скоро сите, малку луѓе знаат дека е напишана во деведесеттите години од Исо Леро Џамба од Дорчол, пишува Курир.

Инаку, Џамба беше „жестоко момче“, кое беше претепано на 23 септември 1992 година од чувари во казино, и оттогаш никој не го видел.

Она што е особено интересно е што споменатото казино тогаш го обезбедуваше агенцијата „Делије“, чиј сопственик беше Жељко Ражнатовиќ Аркан.

Како што понатаму се наведува, според оние кои се информирани за судирите во 90-тите години, конфликтот меѓу Аркан и Џамба потекнува од Казнено-поправниот дом за малолетници во Ваљево. Наводно, единствената позната борба што Аркан ја имал се случила со Џамба, а Џамба победил, оставајќи лузна на лицето на Аркан.

Ражнатовиќ, наводно, никогаш не му го заборавил тоа.

Џамба беше пријател на Кнеле, беше добар и со доста пејачи и актери, а Џеј му е братучед. Хитот “Uspeo sam u životu” наводно го напишал додека бил во затвор.

escort - Korsan taksi