
Манекенката ја скокоткаше јавноста со својата објава, но…
Германската манекенка Хајди Клум изненади многумина кога на својот Instagram објави дека ќе биде дел од новата серија „Сексот и градот“, а по тој повод го зазеде местото на Саманта Џонс, која ја игра Ким Катрел.
– Како велите Саманта на германски јазик? Беше толку тешко да се зачува ова изненадување, но конечно можам да споделам дека се приклучувам на новата сезона на „Сексот и градот“! Едвај чекам да се фрлам на малку „Сosmos“ и да ги соблечам чевлите „ Manolo Blanik “ со овие неверојатни дами – напиша Хајди.
Се нижеа лајкови и нема сомнеж дека некои нејзини обожаватели беа задоволни.
Еве ја објавата на Хајди Клум.
Малку подоцна, Хајди повторно се огласи. Овој пат со разочарувачка најава.
– Само се шегувам. Априлска-шега – напиша Хајди.
Еве ja нејзинaта објава.
Да потсетиме, во новиот „Секс и град“ ќе ги следиме авантурите на Кери (Сара Џесика Паркер), Миранда (Синтија Никсон) и Шарлот (Кристен Дејвис) во нивните 50-ти години. Како што е познато, нема да видиме некои ликови во оваа реализација, како што се Саманта, Beверот, Стив Брејди.