ХАОСОТ СЕ ПОДГОТВУВА! Полу-сестрата на Меган Маркл објави книга – Ветува дека ќе ги открие сите семејни тајни!
Полусестрата на Меган Маркл, Саманта (56) конечно ќе ги објави своите долго најавувани мемоари за војвотката од Сасекс.
Се верува дека Меган последен пат ја видела својата полусестра, која живеела на Флорида, во 2008 година.
Бомбастична книга наречена „Дневникот на тажна сестра принцеза – Дел 1“ ќе биде објавена во САД следниот петок.
Саманта за прв пат ги откри своите литературни амбиции уште во април 2016 година, кога се појави романса на Меган со принцот Хари. Саманта ветува дека ќе открие „скриени вистини за своето семејство“ во том од 330 страници, додека кралската бајка се распаѓа.
Меган (39), која моментално живее во нејзината вила во Санта Барбара, вредна 14 милиони долари со принцот Хари (36) и нејзиниот едногодишен син Арчи, веќе некое време е отуѓена од Саманта, па дури и претходно ги опиша своите тврдења како „апсурдни“.