Идентификувани русите кои се појавија на северот на Косово

24 септември, 2021
naslovna

Синоќа низ косовските медиуми беше објавено дека неколку Руси вчера се појавиле меѓу Србите во северот на Косово, на граничниот премин Јариње. Според „KosovaPress“ Русите со себе носеле три торби, кои ги отвориле дури кога се стемнило.

Извори за „RTV Dukagjini“ велат дека двајца Руси и еден Белорусин се обиделе да влезат во Косово при што со себе носеле сомнителна опрема.

Според „RTV Dukagjini“, двајца од нив биле приведени од косовската полиција, додека третиот успеал да се инфилтрира во Косово заедно со другите Срби.

„Двајца Руси и еден Белорус во поладневните часови се обидоа да влезат во Косово, кои со себе носеа торби со сомнителна опрема. Двајца од нив беа приведени од косовската полиција, додека еден од нив продолжи со „посетите“ на српските демонстранти“, пренсе новинарот Ермал Пандури од „RTV Dukagjini“. Рускиот државјанин Олег Деркач влегол во Косово, додека рускиот државјанин Сергеј Белоус и белорускиот државјанин Денис Болшаков, биле вратени на граничниот премин Јариње поради сомнежите од страна на косовските власти.  Горенаведените носеле торби во кои според добиените сознанија било пронајдено сајбер опрема. Според претходни сознанија, во 2017 година Сергеј Белоус бил приведен во Косово и Албанија поради сомнителни  активности поврзано со шпионажа. „Во 2017 година, и Република Албанија го фатила Сергеј Белоус, маскиран како новинар, во воената база ’Пашалиман’ во Валона“, потенцираше Пандури.

„Албанската воена полициска служба ги следела Русите и заедно со албанската полиција ги застанале во Фиер. Белоус, исто така бил уапсен за време на конфликтот во Украина. Тој има добри врски со српските радикали и претставници на екстремната десница во Европа, кои дејствуваат во Србија. Додека другите двајца ја продолжиле „посетата“ во шаторите на српските демонстранти, претставувајќи се како новинари, но притоа според сознанијата во нивните торби носеле сомнителна опрема-уреди“, пренесе Пандури.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris