Кристина Агилера ја претстави својата нова песна, а на промоцијата се појави облечена во комбинација која не наиде на позитивни коментари.
Поранешната поп принцеза Кристина Агилера со текот на годините драстично го промени својот физички изглед. Таа се прослави со хитот „Genie in the Bottle“ издаден во 1999 година, а потоа во 2002 година песната „Dirrty“ направи тотален бум на музичката сцена.
Имено, откако беше пуштена на слушателите, Кристина престана да биде душичка со детски песни и веднаш беше прогласена за секс бомба. Песната ги презеде музичките топ листи, но некои телевизии го забранија видеото бидејќи го сметаа за претерано и премногу вулгарно. Како и да е, кога ќе го погледнеме од денешна перспектива и ќе го споредиме со содржината што денес преовладува на YouTube, тешко е да се стави во таа категорија. Но, како што знаеме, сензибилитетот на публиката е многу променет…
Оттогаш русокосата убавица редеше хит по хит, а потоа во еден момент се повлече од сцената за да му се посвети на семејството. По раѓањето на децата се здебели и накачи некој килограм вишок поради што јавноста често беше сурова кон неа, но таа гордо ги носеше своите облини.
Е тогаш таа одеднаш се појави во јавноста во топ форма. И иако сите ја пофалија за работата на себе, здравата исхрана и тренинзите, поради што таа за момент не врати на почетокот на нејзината кариера, на социјалните мрежи почнаа да се појавуваат коментари за претерување со ботоксот. Ова се повтори сега кога таа се појави на промоцијата на нејзиниот нов сингл „Pa Mis Muchachas“ кој е и најава за албум на шпански јазик.
Таа се појави облечена во змиски принт од глава до пети, кој сепак на многумина им изгледаше евтино и ги потсети на нешто што ќе изберат сестрите Кардашијан-Џенер. Препознатливата руса коса ја замени со долга, портокалова перика, а лицето го сокри со очила со необичен дизајн, што дополнително ја поттикна јавноста да помисли дека пејачката инспирацијата ја нашла во популарните реалити сестри.