Изгледа подобро од било кога: Џенифер Лопез ги маѓепса сите со својата сензационална фигура во бикини (ФОТО)

14 јануари, 2021
1387767

Џенифер Лопез со својот вереник Алекс Родригез деновиве ги наполни батериите на заслужениот одмор, а повторно беше апсолутен владетел на плажата на егзотичните острови Турк и Каикос уживајќи во вистинските летни радости во јануари

Познатата пејачка, музичарка и претприемач, која не крие дека нејзината работа ја исполнува, откако имаше полни раце промоција на нејзиниот нов проект, козметичката линија J.Lo Beauty и спектакуларниот новогодишен настап со Алекс заслужено се опуштија на песочните плажи.

Џеј Ло, која е многу дисциплинирана кога станува збор за вежбање и здрав начин на живот, ги маѓепса сите покажувајќи ја извајаната фигура во оскуден костим за капење во кој се појавија нејзините облини.

Кул стајлингот за на плажа беше надополнет со трендовско парче по кое лудуваат многумина- шешир со потписот на Кристијан Диор.

Тајната на нејзиниот сензационален изглед лежи во комбинацијата на добро организирани оброци со ограничен внес на калории, многу квалитетен сон и напорни тренинзи организирани за познатата пејачка од Њу Јоршкиот тренер Дејвид Кирш и тренерот од Лос Анџелес, Трејси Андерсон.

Џеј Лo троши приближно 1400 калории на ден дневно, редовно прави веганска детоксикација, избегнува кофеин и алкохол во широк лак, пие литри вода и го избегнува сонцето.

Покрај тоа, избегнува алкохол, цигари и кофеин, а својот младешки изглед го одржува скоро без брчки со квалитетен сон.

Sвездата на „Волстрит измамата“ еднаш го спомна сонот како нејзино „оружје“ во борбата против стареењето. Зборувајќи за тоа како спиењето ја одржува млада, таа рече: „Сакам да спијам добри девет или 10 часа, но никогаш не можам да го добијам тоа. Значи, потребни се седум или осум. Инаку едноставно не се чувствувам добро. Станувам нервозна, емотивна и се чувствувам уморна цело време.“

escort - Korsan taksi