ИЗГЛЕДОТ ИМ Е НАЈСИЛНИОТ АДУТ, ПА ЕВЕ КАКО ГО ОДРЖУВААТ: Познати УБАВИЦИ ги откриваат тајните РИТУАЛИ поврзани со НИВНАТА УБАВИНА

4 јануари, 2021
867255_sandra_ls

Тие се најубавите и најгламурозните жени на Светот

Холивудските дами многу се грижат за својот изглед и иако многу стилисти, козметичари, шминкери и фризери се задолжени за нивната убавина, во секојдневниот живот тие сепак се обични девојки од соседството.

Секоја од холивудските sвезди има свој ритуал за убавина, кој го применува секој ден, па решија да споделат со своите обожаватели како ги негуваат своето лице и тело.

Кетрин Зета-Џонс, покрај нејзината беспрекорна убавина, е препознатлива и по нејзината насмевка. Тајната на нејзините бисерно бели заби лежи во античкиот рецепт на нејзината баба. Кетрин ги избелува забите еднаш неделно со пире од јагоди подготвено во нејзината кујна.

Секој ден, Натали Портман нежно го трие лицето со прстени од суров компир, кои не само што се многу ефикасни во борбата против црните точки, туку ја прават кожата на лицето мазна и сјајна. Прстените од суров компир се исто така мала тајна на една од најубавите жени во Светот, Синди Крафорд, која ги става на очите за да се ослободи од темните кругови и да ги испегла малите брчки.

Проблемот со целулитот Наоми Кембел го решава со свежо мелено кафе, кое го разредува со малку вода, го нанесува на критичните места и цврсто се обвиткува со проѕирна кујнска фолија.

Сандра Булок тврди дека едно јаболко на ден ѝпомага да ја зачува својата убавина одвнатре, а парчињата сурови јаболка, со кои ги трие лицето еднаш неделно, однадвор. Благодарение на природните јаболковни киселини кои предизвикуваат лесен пилинг, нејзиното лице е свежо, мазно и сјајно.

Шерон Стоун верува дека нема убавина без здрав и активен живот, па денот започнува со утринско џогирање. Меѓу тајните на нејзината убавина и совршен раст е и вегетаријанската диета.

Eskişehir escort - Sekabet kaç oldu -
Superbetin yeni adresi
-

Dinamobet link

-

kolaybet giriş yapamıyorum

- escort - Casinomaxi bağlan - Goldenbahis - Sultanbet - mobilbahis giris