ПО ФУСТАНОТ КОЈ ГО СРУШИ ИНТЕРНЕТОТ, се појави и џемпер со истиот „проблем“! Сива, виолетова или кафеава? Која боја е овој џемпер? Дали го знаете точниот одговор?
4 јануари, 2021
Шест години откако „фустанот“ ги збуни корисниците на социјалната мрежа – дали беше црно-син или бел и златен? – се појави уште една мистерија на бои.
Имено, Megzies1997, корисник на Reddit и Imgur, сподели неколку фотографии од нејзиниот џемпер.
„Се чини дека мојот џемпер има различни бои кога е поинакво светлото“, напиша таа.
Сива? Кафеава? Виолетова? На Redit, бараат точен одговор на прашањето каква боја има овој џемпер.
Всушност е маслинесто зелен.