Џенифер Анистон повторно со скршено срце: Не, Бред нема никаква врска со тоа овој пат!

4 јануари, 2021
profimedia-0493697699

Таа е осамена и загрижена

Холивудската миленичка, 51-годишната Џенифер Анистон, поголемиот дел од минатата година ја помина затворена во својот дом во елитната населба во Лос Анџелес, Бел Ер. Пандемијата ја оддели од колегите и снимањето на нови филмови, но тоа не ја погоди најмногу ѕвездата на серијата „Friends“, пишува National Enquirer. Срцето ѝ е скршено затоа што од почетокот на вториот бран на пандемијата не можеше да го види и прегрне својот стар и болен татко Џон, што ѝ падна тешко сега особено за време на Божиќните празници.

„Џенифер сака да го посети својот татко во неговиот дом повеќе од што било во Светот, но таа премногу се плаши да го изложи на ризик да добие коронвирус. Тој веќе е стар и тешко му е да се движи, поради што неодамна доби возило за да му помогне во тоа. Џенифер многу жали за татко си и се плаши дека ќе му се случи нешто пред да има шанса да го види и прегрне“, откри анонимен извор близок на поранешната сопруга на 56-годишниот оскаровец Бред Пит, додавајќи дека актерката разговара со нејзиниот татко на телефон секогаш кога 87- годишниот поранешен актер има сила да разговара.

 „Одделувањето од блиските луѓе направи Џенифер да се чувствува многу осамено. Таа рече дека ѝ е жал што нема деца што трчаат низ куќата и ја развеселуваат атмосферата, додаде изворот. Тој исто така откри дека Џон многупати ѝ рекол на својата ќерка дека се надева дека ќе му подари внуци, но сè уште не ја добил добрата вест. Да потсетиме, актерката и нејзиниот татко останаа во отуѓена врска откако Џон го напушти семејството со друга жена кога Џен имаше само 10 години.

 Минатиот март, американските медиуми објавија дека Џенифер повторно се обединила и се смирила со татко си Џон, по речиси никаква комуникација речиси четири децении. Наводно загрижена за животот на Џон поради пандемијата, таа решила конечно да му прости за предавството на семејството. Во една прилика, актерката се присети на моментот кога дозна дека Џон ги напуштил. Таа отишла на забава со една пријателка и кога се вратила нејзината мајка ѝ рекла дека повеќе нема да го гледа татка си во нивниот дом. Таа призна дека во тоа време била целосно скршена од тага.

escort - Korsan taksi