ЈАДЕМЕ ЗДРАВО, А СЕПАК ЛЕСНО СЕ РАЗБОЛУВАМЕ! Гастроентерологот објасни зошто имаме слаб имунитет! Решението е едноставно, а резултатите се неверојатни

20 април, 2021
shutterstock_107813681_1000x0

Потребни се само неколку минути

Гастроентерологот д-р Марвин Грин објасни дека доброто варење не зависи само од нашата исхрана и физичка активност.

Доброто варење значи дека немаме проблеми со одење во тоалет, но и незгодни проблеми како што се гасови, надуеност… Нашиот микробиом, или збир на здрави бактерии кои живеат во дигестивниот систем, влијае не само на овој процес, туку и го зајакнува имунитетот, здравјето на срцето, па дури и расположението.

Гастроентерологот исто така откри дека една едноставна вежба може да направи многу за варењето на храната.

Не е напорно и не одзема многу време, потребни ви се само неколку минути!

1. Седечко истегнување

Седнете на подот, грбот нека ви биде исправен и со испружени нозе. Истегнете ги рацете нагоре, па легнете на нозе или спуштете се што е можно поблиску. Ќе почувствувате истегнување на колковите и долниот дел на грбот. Останете вака една минута, со длабоко, рамномерно дишење.

2. Лежечко истегнување

Легнете на грб, свиткајте ги колената и обидете се да ги повлечете што е можно поблиску до градите. Прегрнете ги нозете со рацете, и обидете се да го фатите десниот лакт со левата рака и обратно. Останете во оваа позиција една минута.

Истегнувањето на долниот дел на грбот и колковите во оваа позиција ќе ги „разбуди“ и желудникот и цревата, бидејќи истегнувањето се одвива околу нив. Гастроентерологот наведува дека со истегнувањето не треба да се претерува, но дека позициите како овие две, ако се прават секојдневно, „траат“ само неколку минути и прават голема разлика во процесот на варење.

escort - Korsan taksi