Три хороскопски знаци ќе имаат впечаток дека оваа недела целиот свет се свртел против нив!
Во моментов сме во сезоната Вага, која носи многу добри работи, но и некои не толку добри. Што се однесува до претстојната недела, во понеделник, 27 -ми септември, Меркур ќе биде ретрограден, што малку ќе ги размрда работите, но без оглед на тоа, оваа недела ќе биде тешка за три хороскопски знаци.
Овен
Оваа недела, ќе имате впечаток дека од сите страни ви доаѓаат неповолни вести. Освен тоа, што и да правите, ќе ви биде ужасно здодевно и сериозно ќе размислите да направите некоја голема промена бидејќи повеќе не можете да ја поднесете моменталната состојба на работите.
Можно е да бидете бунтовни оваа недела, што е вашиот пат кон самоуништување, бидејќи кога сакате да завршите со нешто и не можете само да го „отсечете“,само несвесно се повредувате.
Најголемиот проблем е што сте крајно незадоволни, и не можете точно да одредите што ви пречи и што ве фрустрира – тоа ќе биде вашиот најголем проблем оваа недела, бидејќи не знаете што ви пречи.
Близнаци
Немате проблем со самодовербата, вие сте многу самоуверени и сте ја достигнале таа точка со голем напор. Затоа оваа недела ќе ви биде ужасно тешка, бидејќи и со толку висока самодоверба, сепак не ги добивате одговорите што сакате да ги слушнете.
Можеби има врска со бизнисот – можеби чекате добри вести за некој проект, на пример, но сеуште немате информации за тоа. А тоа ве полудува бидејќи не сте личност која сака да чека, би направиле се сега и веднаш, па чекањето цела недела ќе ви донесе фрустрација.
Сепак, оваа недела нема да потфрлите, што е добро, но ќе мора да се соочите со неспособноста на другите да донесуваат одлуки, и секако се работи за одлуки што влијаат врз вас – а чекањето на другите да донесат одлуки кои на некој начин го одредуваат вашиот живот е вашиот најголем кошмар.
Стрелец
Треба да направите пауза од социјалните мрежи. Во последно време сте биле ангажирани во толку многу различни активности, што некако се што се случувало околу вас едноставно ви избегало од контрола и сега ви е тешко да се справите со сето тоа. Се чувствувате како целата забава да е на социјалните медиуми, и тоа ве фрустрира.
Затоа, би било добро да се оддалечите од мрежите барем една недела и да се посветите на блиските луѓе, да уживате во моментите, да поминувате време надвор …
Советот е да бидете што е можно повеќе во природа оваа недела, бидејќи во спротивно сите вести што би можеле да ги видите на социјалните мрежи ќе ве депримираат и ќе се чувствувате заробено. Ако сакате барем малку да ги ублажите негативните аспекти на планетата за оваа недела, држете се подалеку од „вревата“ и посветете се на себе.