КАНЈЕ ВЕСТ СТАНУВА МИНАТО: Ким сѐ уште го користи неговото презиме, а тој се срами од тоа?!

popara26 август, 20211min0
profimedia-0381926711

Популарниот рапер Канје Вест овојпат одлучи официјално да го смени името.

Познатиот рапер Канје Вест поднесе барање до судот во Лос Анџелес, а станува збор за промена на неговото име. Според странските медиуми, 44-годишниот музичар повеќе не сака да го користи своето цело име Канје Омари Вест, туку неговиот долгогодишен прекар Је, без средно име и презиме.

Кание само јавно кажа кратко дека тоа се лични причини. Вест, кој се претставува како Је на неговите профили на социјалните мрежи, напиша на Твитер дека сака да го промени своето име уште од 2018 година. Прекарот беше и наслов на неговиот албум во 2018 година.

Тој еднаш во интервјуа рече дека, покрај тоа што Је е кратенка од неговото име што му се допаѓа, тоа е збор што може да се најде на неколку места во Библијата.

Веста дојде во време на бракоразводната парница со сопругата Ким Кардашијан Вест, која во петицијата за развод во февруари не побара да се отстрани неговото презиме. Двојката има четири деца, кои исто така го носат презимето Вест.

Да потсетиме, медиумите неодамна објавија дека Канје ја прекинал двомесечната врска со руската убавица Ирина Шајк, а како причина било наведено дека раперот во моментов нема време за врска, Ирина, наводно, го гледа само како пријател.

escort - Korsan taksi - anlaşmalı boşanma