Овој пат таа избра нешто малку поинакво
Кендис Свенепул го прослави својот 33 -ти роденден во престижен ресторан во Њујорк, а за таа прилика избра едноставен, но импресивен стајлинг.
Со оглед на епидемиолошката ситуација, манекенката реши да го одбележи прекрасниот ден во најтесниот круг, па во ресторанот влегла во придружба на нејзината најблиска пријателка.
Насобраните папараци ја фотографираа оваа убавица која беше многу лежерно облечена, како да оди на концерт на омилениот рок бенд.
Кендис избра црн капут од модниот бренд Барбери, кожени панталони, памучна маичка со принт AC/DC, како и каубојски чизми што се повеќе можеме да ги видиме кај светските sвезди за потребите на сценските перформанси.
Имаше минимална шминка, а својата прекрасна платинеста коса ја врза во коњско опавче, што му даде доза на лежерност на овој стајлинг.