Каубојски чизми и РОКЕРСКА маица: Ангелот на Викторија во СПЕЦИЈАЛНО ИЗДАНИЕ за нејзиниот 33-ти роденден (ФОТО)

25 октомври, 2021
kendis

Овој пат таа избра нешто малку поинакво

Кендис Свенепул го прослави својот 33 -ти роденден во престижен ресторан во Њујорк, а за таа прилика избра едноставен, но импресивен стајлинг.

Со оглед на епидемиолошката ситуација, манекенката реши да го одбележи прекрасниот ден во најтесниот круг, па во ресторанот влегла во придружба на нејзината најблиска пријателка.

Насобраните папараци ја фотографираа оваа убавица која беше многу лежерно облечена, како да оди на концерт на омилениот рок бенд.

Кендис избра црн капут од модниот бренд Барбери, кожени панталони, памучна маичка со принт AC/DC, како и каубојски чизми што се повеќе можеме да ги видиме кај светските sвезди за потребите на сценските перформанси.

Screenshot 2021-10-25 171546
Screenshot 2021-10-25 171602

Имаше минимална шминка, а својата прекрасна платинеста коса ја врза во коњско опавче, што му даде доза на лежерност на овој стајлинг.

escort - Korsan taksi