Кејт Мидлтон заигра тенис во мини здолниште: Идание на војвотката кое не можеме често да го видиме (ФОТО)

25 септември, 2021
faa65260a4e7f1306418f79776c981ae1be4c70c

Кејт Мидлтон одигра тениски меч во парови со младата Ема Радукан.

Војвотката од Кембриџ, Кејт Мидлтон, не можеше да го сокрие својот ентузијазам кога заигра тенис со победничката на УС Опен, Ема Радукан во Лондон.

Кејт се приклучи на прославата за враќање дома, и бидејќи сака да игра и следи тенис, мораше лично да и честита на осумнаесетгодишната Ема.

Таа се појави на теренот во спортска тениска комбинација. Војвотката носеше мини здолниште и тренерка на закопчување. Не добиваме често шанса да видиме такво опуштено издание на британската принцеза.

Кејт не ја симна насмевката од лицето во текот на целиот натпревар.