Вашето семејство ќе ја обожава оваа торта со јаболка, која ќе влезе во вашите срца за многу кратко време.
Состојки:
1 јајце
1 чаша масло
1 чаша гриз
1 чаша млеко
1 чаша мелени ореви
1 кеса прашок за пециво
5 јаболка
100 гр чоколадо
100 гр шеќер
Подготовка:
Во сад, скршете ги јајцата и изматете ги со масло и млеко. Потоа во смесата додадете гриз, ореви и прашак за пециво.
После тоа, време е да додадете рендани јаболка во смесата. Истурете ја готовата смеса во плех и печете додека колачот не добие кафеава боја.
На тивок оган растопете го чоколадото со малку масло и 100 гр шеќер, па премачкајте го колачот со глазура.